Во Албанија веќе нема да се увезуваат автомобили постари од 10 години
Во Албанија од утре стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години, всушност ќе биде дозволен увоз на возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“.
За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои е дозволен увоз, доколку се произведени пред 1970 година.
Денис Шабани, Директор на Царинската испостава во пристанишниот град Драч, од каде во најголем број влегуваат увезените возила, изјави дека по донесувањето на владината одлука многу е зголемен увозот на стари возила.