Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Новости за 09.12.2018

Протестите ќе ја погодат француската економија

SlobodnaEvropa.mk 

Движењето и протестите на „жолтите елеци“ ќе имаат сериозно влијание на националната економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно ле Мер. "Може да очекуваме ново забавување на економскиот раст на крајот на годината поради протестите", изјави францускиот министер Мер. Материјалната штета од вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Париз се поголеми од оние од пред една недела, кога беа оштетени некои од знаменитостите во градот, како што е Триумфалната капија. "Многу поголема штета е направена вчера... Читать дальше...

Каракачанов: Треба да се промени менталитетот во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Mинистерот за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов изјави дека има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, но според него во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата. “Веќе година и пол тaканаречената Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според мене е недопустилво, а од македонска страна има желба да се извртува,” рече Каракачанов осврнувајќи се на работата на заедничката експертска... Читать дальше...

Вучиќ: Нема да исполнам ниедно барање на опозицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да исполни ниту едно барање на опозицијата, колку и да излегуваат на улица и колку и да траат протестите во Белград. “Шетајте колку и да сакате, јас никогаш нема да ви исполнам какво било барање. Може и пет милиони да се соберете. Јас нема да работам под притисок и затоа се разликувам од сите други”, изјави Вучиќ. Тој за опозицијата која минатата ноќ организираше протестно шетање во Белград под мотото „Стоп на крвавите кошули”, во знак... Читать дальше...



Осум мртви во напад на Талибанците во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Осум војници загинаа во напад на талибански милитанти врз воена станица во западниот дел на Авганистан, во областа Бала Булук. Како што јави агенцијата Анадолија, заменик-претседателот на областа Фарах, Дадулах Кани соопштил дека талибанските милитанти ја нападнале воената станица во местото Аб Хурма во подрачјето Бала Булук. Во нападот животот го загубија осум војници, а десетмина биле заробени од страна на милитантите. Талибанската страна во соопштението тврди дека по нападот е воспоставена контрола врз воената станица.

Макрон и се заблагодари на француската полиција за справувањето со протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Франција Емануел Макрон на Твитер ѝ се заблагодари на полицијата за „професионалноста и храброста“, откако 1.220 лица беа уапсени во насилствата на антивладините демонстрации во Париз и во другите градови, вклучувајќи ги Лион, Марсеј и Бордо. Се очекува Макрон наредниве денови да одржи голем говор, и да се осврне на проблемите на „жолтите елеци“. Премиерот Едуар Филип апелираше на „единство“ и вети дека Макрон ќе се осврне на проблемите на демонстрантите. Францускиот министер за внатрешни работи... Читать дальше...

Мицотакис: Национална отстапка е признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност

SlobodnaEvropa.mk 

“Признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност е национална отстапка што не ја имаше направено ниту една претходна влада. Таму каде што сите рекоа „не“, Ципрас кажа „да“, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија за време на неговиот говор на политички настан организиран од Нова демократија во грчкиот град Триполи. Мицотакис рекол дека тие веќе предупредиле за „големите опасности што ги крие потпишувањето на крајно проблематичниот Договор од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина. Читать дальше...

Американска стопанска комора: Во Косово нема волја за борбата против корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Американската стопанска комора во Косово изрази загриженост поради падот на транспарентноста и ниската заложба на Владата и другите државни институции во борбата против корупцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во сооштението на АСК по повод светскиот Ден на борбата против корупцијата се вели дека, „и покрај постојаните апели за поефикасна борба против оваа појава, која оневозможува опстоен економски развој, реториката на заложби доминира врз малубројните дејствија во овој правец“. “Постигнувањето... Читать дальше...

Заев: Бугарија не побара помош во истрагата за бугарските пасоши

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија не барала помош од македонските власти во истрагата за продажбата на бугарски пасоши, изјави премиерот Зоран Заев пред бугарските новинари во Лисабон, каде што учествуваше на Конгресот на ПЕС. "Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши и ние имаме Бугари во Македонија. Ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа", изјави Заев додавајќи дека Македонците имаат само корист од Спогодбата за соседство со Бугарија. Премиерот рече дека помеѓу 15 и 25 јануари... Читать дальше...



Трамп не бил во првичната истрага за руската вмешаност во изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Истрагата на ФБИ за наводните обиди на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година првично се водела против четворица американски државјани, и Доналд Трамп не бил меѓу нив. Ова го изјавил поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми на сослушување пред комисиите за правда и за надзор во Претставничкиот дом. “Почнавме истрага против четворица Американци, за да видиме дали има врска меѓу овие четворица Американци и руските обиди за мешање”, рекол Коми на сослушувањето зад затворени врати во петокот. Читать дальше...

„Сандеј тајмс“: Меј ќе го одложи гласањето во Парламентот за договорот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори, објави „Сандеј Тајмс“. Весникот цитира „министри и помошници“, според кои Меј денеска ќе објави дека го одложува гласањето. Многумина предвидуваа дека таа ќе загуби на гласањето и министрите се загрижени дека поразот може да доведе до пад на Владата, пишува весникот. Меј следната недела ќе замине... Читать дальше...

Предвремени парламентарни избори во Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Ерменија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, на кои сегашниот премиер Никол Пашињан, кој дојде на власт годинава со мирна револуција, смета на зајакнување на неговата власт и намалување на влијанието на поранешната владејачка Републиканска партија. Девет партии и две коалиции учествуваат на изборите, а анкетите покажуваат дека блокот „Елк“ (Исход), кој ја вклучува партијата Граѓански договор на Пашињан, лесно ќе освои мнозинство во Парламентот. Пашињан е поранешен новинар... Читать дальше...

Иран сака продлабочување на соработката со Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран сака да ги подобри односите со Турција и оти договорот меѓу Анкара и Техеран за соработка на повеќе полиња, вклучувајќи ги и банкарството и енергетиката, треба побрзо да се примени, јави агенцијата Анадолија. На интернет страницата на иранскиот претседател е објавено соопштение за средбата на Рохани со претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, во рамките на Средбата на претседателите на парламентите за борбата против тероризмот и екстремизмот. Читать дальше...

Кина побара од Канада да ја ослободат директорката на Хуавеј

SlobodnaEvropa.mk 

Кина ја предупреди Канада дека ќе има сериозни последици ако итно не ја ослободи финансиската директорка Хуавеј Менг Ванжу, која беше уапсена на 1 декември по барање на САД за сомневања за измами поврзани со наводно нарушување од страна на кинеската компанија на американските санкции против Иран. Менг може да биде екстрадирана во САД, но се уште не е донесена таква одлука. Ако биде екстрадирана во САД, Менг ќе биде обвинета за заговор со цел измама на повеќе финансиски институции. За секоја точка... Читать дальше...

Реконструирана белгиската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот коалициски партнер на белгиската Влада, фламанската националистичка партија НВА, доцна синоќа одлучи да ја напушти извршната власт по денови криза околу Пактот за миграции на ОН. “НВА го напушти Советот на министри, констатирам дека таа го напушти мнозинството”, изјави синоќа премиерот Шарл Мишел по последниот министерски состанок на кој коалициските партнери се обидоа да ја спасат Владата.  Министерските места на НВА ќе им бидат трансферирани на државни секретари, иако за сега е неизвесно точно како тоа ќе се случи... Читать дальше...

МНР: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство

SlobodnaEvropa.mk 

Изјавата на бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов е извонредна прилика за сличен контраодговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство, порачува македонското Министерствто за надворешни работи. “Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна... Читать дальше...

Во вчерашните протести во Франција повредени 135 лица, 1.385 се уапсени

SlobodnaEvropa.mk 

Француската полиција на вчерашните протести уапсила 1.385 лица во целата земја, а 985 од нив се задржани на распит, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Во цела Франција протестирале вкупно 125.000 лица, од кои 10.000 во Париз. Кастанер соопшти дека 118 демонстранти биле повредени, но и 17 припадници на полицијата. “Беше запрена ескалација на насилството. Сепак, насилството останува на ниво кое е недозволиво”, истакна министерот Кастанер.

Почина Људмила Алексеева, руската активистка за човекови права

SlobodnaEvropa.mk 

На 91 годишна возраст почина Људмила Алексеева, една од најпознатите руски активисти за човекови права и слободи. Таа беше еден од основачите на Московскиот Хелсиншки комитет и истакната личност на руската опозиција

Времето денеска променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување, а во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура се движи од минус 1 степен до 3 степени целзиусови, а дневната од шест до 13 степени. Во Скопје слично време. Утринската темература се спушти до 1 степен... Читать дальше...

Ахмети - Имам немир за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.



Москва

Воскресшего Иисуса могут дополнительно установить в церквях, вместо черепа.


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Колледжи проведут Дни открытых дверей



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Полина Гагарина

Актриса Самбурская заступилась за сыгравшую в «Красных линиях» певицу Гагарину




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»


WTA

Потапова проиграла на старте турнира WTA-500 в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Воскресенске сотрудники Росгвардии задержали подозреваемого в умышленном повреждении чужого автомобиля



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России