Командантот на Петтата флота на американската морнарица пронајден мртов во Бахреин
Командантот на поморските сили на САД на Блискиот Исток, адмиралот Скот Стерни, бил пронајден мртов во неговиот дом во Бахреин, соопшти морнарицата и додаде дека не се сомневаат дека станува збор за убиство, пренесе Ројтерс.
Адмирал Стерни бил командант на Петтата флота на американската морнарица, чија база е во Бахреин, која ги опфаќа Персискиот залив, Омански залив, Аденскиот залив, Црвеното Море и Арапското Море.
„Службата за поморска кривична истрага и Министерството за внатрешни работи на Бахреин соработуваат во истрагата, но во овој момент не постои сомнеж дека ова е убиство”, изјави адмиралот Џон Ричардсон, командант на поморските операции и додаде дека Стерни на командантното место бил заменет со неговиот досегашен заменик, Пол Шлис.