Дачиќ: Разграничување меѓу Србите и Албанците може да значи и промена на границите
![Дачиќ: Разграничување меѓу Србите и Албанците може да значи и промена на границите](https://gdb.rferl.org/36755610-08BF-4DA6-B182-A5E760E86868_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека идејата за разграничување меѓу Србите и Албанците, која може да подразбира и промена на границите, „не е оставена по страна“, туку преставува „единствена конкретна иницијатива во оптек“.
Дачиќ во интервјуто за српскиот весник „Блиц“ изјави дека „ситуацијата статус кво е невозможна состојба“, која би резултирала со исчезнувањето на Србите од Косово и одземање на српското верско и културно наследство на Косово.