Путин: Војната во Украина ќе продолжи ако нема промена на власта
![Путин: Војната во Украина ќе продолжи ако нема промена на власта](https://gdb.rferl.org/D3458C97-8F22-490A-8646-96D1B29ABA20_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека „војната ќе продолжи доколку остане сегашната власт во Киев“, бидејќи, како што рече, „тие немаат интерес да се реши конфликтот“, објави новинската агенција Ројтерс.
„Сегашната власт во Украина нема интерес да се реши конфликтот, особено не по мирен пат. Додека е на власт Порошенко н.з.), војната продолжува. Секогаш е полесно да се правдаат економските неуспеси со војна“, рече Путин на прес-конференција на Самитот Г20.
Тој додаде дека нема ништо против тоа да се сретне со неговиот украински колега Петро Порошенко, но дека со него е тешко да се комуницира.
„Што се однесува до контактите на највисоко ниво, секако дека сум за тоа, но разговори немаше, бидејќи не е јасно за што треба да зборуваме. Тие прогласија воена состојба во 10 региони каде Порошенко нема поддршка. Така ја поделија земјата на два дела“, рече Путин на прес-конференција на Самитот на Г-20 во Аргентина.