Среда ден на жалост во САД поради смртта на Џорџ Буш постариот
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на погребот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, кој почина вчера, соопшти Белата куќа, пренесе новинската агенција АП.
Трамп објави дека во среда на 5-ти декември во земјата е прогласен Денот на жалост поради смртта на Буш. Тој, исто така, потпишал и извршна одредба со која се бара од федералните агенции да не работат тој ден во знак на почит кон Буш.
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш постариот почина на 95 годишна возраст, соопшти портпаролот на семејството Буш, Џим Мекграт.
Буш постариот беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.