Престрелка во Белград, убиен познат бизнисмен
![Престрелка во Белград, убиен познат бизнисмен](https://gdb.rferl.org/0AE2C8D6-DFB9-4D63-8635-ABE221CB29AE_cx41_cy23_cw59_w800_h450.jpg)
Познатиот српски бизнисмен, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, Владо Поповиќ, бил убиен синоќа во Белград, кога група маскирани лица упаднале во кафулето во кое тој седел и испукале повеќе рафали кон него. Во нападот е повредени и едно 23-годишно момле, гостин во кафулето, објавија српските медиуми.
По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“. Според пишувањата на белградските медиуми, Попович лани бил уапсен поради изнуда на 110.000 евра, а дел од медиумите го поврзуваат и со познати припадници на белградското подземје.