Порошенко бара Германија да ја одврати Русија од агресија врз Украина
![Порошенко бара Германија да ја одврати Русија од агресија врз Украина](https://gdb.rferl.org/B045F5C3-66B4-445D-9580-1DCA42B8079F_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателот на Украина, Петро Порошенко ја повика Германија и нејзините сојузници да го засилат нивното присуство во Црното Море за, како што рече, „да ја одвратат Русија од понатамошна агресија”.
Порошенко во изјавата до германската медиумска група „Функе“ изјави дека Русија распоредила голем број војници долж границата со Украина.
Украинскиот претседател предупреди дека Русија планира понатаму да влезе на територијата на Украина по минатонеделните морски тензии во теснецот Керч.