Димитров - Македонија не е целиот регион, што не значи дека сме помалку Македонци
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денес во Собранието изјави дека кон Договорот со Грција не треба да се гледа само како кон цел за одење напред кон ЕУ и НАТО, туку треба да се гледа кон аспектот на идентитетските прашања.
„Ние практично предизвиците за македонското прашање, за идентитетот на Македонците и на македонскиот народ и дека зборуваме македонски јазик го затвораме со овој договор, укажувајќи дека нашата држава Македонија не е целиот регион и се наоѓа во северниот дел, ама тоа не не прави помалку Македонци и помалку Македонија“, рече Димитров.
Во Собранието е во тек расправата од втората фаза уставни измени предвидени со преспанскиот договор.