Има доволно докази за корупција на Нетанјаху, тврди израелската полиција
Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла доволно докази против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга во третиот случај за корупција, што се води против него, објавија светските новински агенции.
Властите сметаат дека Нетанјаху пружал „регулаторни услуги“ на „Безек телеком“, а за возврат добивал поволни извештаи за себе и сопругата на сајтот „Вала“, кој е во сопственост на телекомуникациската компанија.
Нетанјаху негира дека е виновен.