Телото на претседателот Џорџ Буш ќе биде изложено во Капитолот
Телото на поранешниот американски претседател Џорџ Буш денеска ќе биде пренесено од Хјустон во Вашингтон, каде што ќе биде изложено во Капитолот до ноември и ќе му бидат укажани државни почести. Буш почина во Тексас на 94-годишна возраст на 30 ноември. По оддавањето државни почесто во главниот град, телото на 41 американски претседател ќе биде вратено во Хјустон, каде што ќе биде погребано во претседателската библиотека, каде што почиваат и неговите жена и ќерка.
Државната церемонија ќе се одржи на 5 декември во Националната катедрала во Вашингтон, каде што ќе присуствуваат странски лидери, поранешни американски претседатели и претседателот Доналд Трамп.
Буш беше американски претседател од 1989 до 1993 година.