Евакуација на ранети Хути милитанти од Јемен
Евакуацијата е клучно барање на Хути борците пред почетокот на мировните разговори за окончување на граѓанската војна во Јемен, кои треба да почнат оваа недела во Шведска. Разговорите се под покровителство на ОН.
Шансите за почеток на преговори се зголемува откако западните сојузници почнаа да вршат притисок врз Саудиска Арабија, која се обидува да ги порази Хутите и да ја врати на власт јеменската влада.
Хутите и владините сили во Јемен со прекини војуваат од 2004 година. Во војната загинаа над 10 илјади луѓе, над три милиони се раселени, а земјата е доведена до работ на гладување.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија беше формирана за да ѝ помогне на јеменската влада, откако Хутите ја презедоа контролата врз главниот град Сана во септември 2014 година.