Лансирана ракетата Сојуз со тројца космонаути
![Лансирана ракетата Сојуз со тројца космонаути](https://gdb.rferl.org/6261C0DF-3D74-4B40-93B6-E55660D20350_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Руската ракета Сојуз денеска беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан. Таа треба да однесе руски, американски и канадски космонаут на Меѓународната вселенска станица. Ова е прво лансирање на ракета со посада, по неуспешната мисија во октомври годинава.
На ракетата се космонаутите Олег Кононенко од Роскосмос, Ен Меклејн од НАСА и Давид Сен-Жак од Канадската вселенска агенција. Ракетата треба да стигне на Меѓународната вселенска станица во 18:40 попладнево.
Лансирањето беше суспендирано два месеци, откако на 11 октомври, ракетата, на која беа космонаутите Алексеј Овчинин и Ник Хаг, се расипа две минути по полетувањето, но космонаутите безбедно се приземјија.