Шефот на МИ6 со предупредување до Русија – Не нè потценувајте
Шефот на британската разузнавачка служба, МИ6, Алекс Јангер го предупреди Кремљ да го потценува Западот, по нападот со нервен агенс новичок врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Англија. Британските власти ја обвинија Русија дека стои зад нападот, но Москва негира.
Во едно од ретките јавни обраќање, Јангер денескарече дека Русија е во состојба на „постојана конфронтација“ со Западот.
„Руската држава користеше воено хемиско оружје на британска територија“, рече тој пред студентите на универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска.
Јангер рече дека нивна цел е Русија да сфати дека, каква и да е користа што мисли дека ја постигнала со таквите активности, таа „не вреди за ризикот“.