Виртуозот Милер-Шот вторпат солист со Македонската филхармонија
Германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот ќе биде солист во изведбата на Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович на Македонската филхармонија. Настанот е именуван „Морски бранови“, а со оркестарот по прв пат ќе диригира маестро Румон Гамба од Велика Британија.