Рохани:Американските санкции се економски тероризам
![Рохани:Американските санкции се економски тероризам](https://gdb.rferl.org/5B185B9C-E065-4605-90AD-4C47DD70EF45_w800_h450.jpg)
Иранскиот претседател Хасан Рохани го окарактеризира повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор и повторното наметнување на санкции како економски тероризам. Освен тоа, Рохани предупреди дека ако наложените санкции ја ослабат способноста на Иран да се справи со нив, Западот ќе се соочи со опасност од дрога, бегалци и напади.
“Ги предупредувам оние кои воведуваат санкции дека ако биде засегната способноста на Иран да се бори со дрогата и тероризмот, нема да бидете безбедни од дрога, бегалци, бомби и тероризам. Земјите кои нè бојкотираат, треба да знаат дека нивните активности нема да имаат никакво влијание на нашата способност да се бориме против тероризмот”, истакна претседателот во говорот пренесуван на иранската државна телевизија.