Отровниот воздух го вклучи црвениот аларм
Македонските градови се едни од најзагадените во Европа. Мерните станици во главниот град веќе подолго време покажуваат дека воздухот ги надминува границите на дозволената загаденост. Граѓаните се гушат, а надлежните велат дека работат на случајот, но дека резултати не можат да се видат преку ноќ.