Реконструирана белгиската влада
Главниот коалициски партнер на белгиската Влада, фламанската националистичка партија НВА, доцна синоќа одлучи да ја напушти извршната власт по денови криза околу Пактот за миграции на ОН.
“НВА го напушти Советот на министри, констатирам дека таа го напушти мнозинството”, изјави синоќа премиерот Шарл Мишел по последниот министерски состанок на кој коалициските партнери се обидоа да ја спасат Владата.
Министерските места на НВА ќе им бидат трансферирани на државни секретари, иако за сега е неизвесно точно како тоа ќе се случи, дали Белгија Влада, Кралот или Парламентот ќе им ги одземе мандатите. Во секој случај, Мишел увери дека сите процедури ќе бидат во согласност со Уставот. Вкупно со националистите заминуваат тројца министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, како и министерот за финансии, како и двајца државни секретари, од кои едниот беше задолжен токму за миграција и азил, Тео Франкен. Владината криза изби пред неколку дена кога НВА одби Белгија да стави потпис на Пактот за миграции на ОН кој треба да биде одобрен утре во Маракеш, а на 19 декември треба да биде изгласан во Њу Јорк.