Могерини: Големи потешкотии во дијалогот меѓу Србија и Косово
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини денеска изјави дека дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово минува низ „големи потешкотии“.
Една од причините, според неа, е одлуката на косовската Влада да воведе царини од сто отсто за производите од Србија и Босна и Херцеговина. Тоа, како што наведе Могерини, е спротивно на духот на соработка. Таа уште еднаш ја повика Приштина да ја отповика одлуката за царините.