Ковач: Азилот на Груевски е во согласност со сите меѓународни правила
![Ковач: Азилот на Груевски е во согласност со сите меѓународни правила](https://gdb.rferl.org/73D872DB-638C-4DD2-A9DA-F3914EC4808A_w800_h450.jpg)
Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, на прес конференција во Брисел повтори дека сите процедури околу азилот на експремиерот Груевски се во согласност со меѓународното право и правила.
Тој рече дека Груевски добил “фер процес“ како било кој друг кој побарал азил во Унгарија и дека тој процес е независен, и не го води владата.
На прашање дали владата беше инволвирана во превозот на Груевски до Унгарија Ковач изјави :
“Унгарија колку што е инволвирана во тоа ги следеше сите меѓународни правила во согласност со меѓународните стандарди", рече Ковач и додаде дека не гледа оти ова прашање се поставува на другите баратели на азил во Европа.
Унгарскиот портпарол беше запраша дали тоа значи дека нема доверба во судскиот систем во Македонија.
"Имплицирам, и го видовте тоа во еден мој твит, дека агенциите на Европската Комисија и другите меѓународни агенции кои извесуваат за Македонија дадоа неколку причини според кои ова прашање се мери. Но уште еднаш ова не беше процедура на владата, туку на независна агенција, агенцијата секогаш го следи тој протокол за секој индивидуален случај и секогаш обезбедуваме основa и рамка за фер и еднаков процес за сите", изјави Золтан Ковач