Тони Блер бара втор референдум за Брегзит
![Тони Блер бара втор референдум за Брегзит](https://gdb.rferl.org/996418B7-C16E-49CE-ADF7-DEAD6A4ED109_w800_h450.jpg)
Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска побара втор референдум за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Блер ја повика премиерката Тереза Меј да престане да „удира со главата во ѕид“ во врска со плановите за излегување од ЕУ. Поранешниот лабуристички премиер изјави дека не би било „толку тешко“ Меј да каже дека дала сè од себе во преговорите, но дека не нашла решение кои би го задоволило парламентот. Тој рече дека би било разумно Меј да му каже на британскиот народ на гласање да одлучи каде оти земјата.
Меј се противи на повиците за нов референдум за Брегзит, наведувајќи дека гласањето од јуни 2016 година било дефинитивно.