И израелските жолти елеци на протести
Во Тел Авив и Ерусалим неколку стотици израелски „жолти елеци“ денеска учествуваа на протестите против претстојните зголемувања на цените, по примерот на демонстрантите во Франција, објавија новинските агенции.
Оваа недела, израелските медиуми информираа дека ќе се зголемат цените на храната, водата, струјата, телефонската претплата и локалните даноци, како резултат на девалвацијата на шекелот во однос на доларот и еврото. Израел досега беше познат по високите трошоци за живот.
Учесниците на протестите побараа да се стави крај на економските монополи, за кои веруваат дека се основа на зголемувањето на цените и оптоварувањата за сите Израелци.