Жолтите елеци почнаа да се собираат во Париз
Илјадници поддржувачи на Жолтите елеци се собраа во Париз на петти по ред викенд демонстрации. Француската полиција е на улиците во очекување на протестите. Министрите ги повторија повиците за откажување на протестите откако четири лица беа убиени на божиќен маркет во Стразбург. Францускиот претседател Емануел Макрон побара смиреност и враќање на нормалното функционирање.