Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски
![Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски](https://gdb.rferl.org/C5AD09F0-D045-4A5D-AA8F-880B9ACC6FFC_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Денеска почина градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски. Според неофицијални информации причината за смртта е инфаркт. Стојаноски е роден 1970 година Охрид. Функцијата градоначалник ја презема на 20 октомври лани, а претходно беше советник во општината од редовите на СДСМ.