Романија го обвини Брисел дека ја дискриминира
Раководството на владејачката левица во Романија се пожали дека Брисел ја дискриминира таа земја која од први јануари ќе претседава во Европската унија. „Романија нема да прифати да ја третираат како земја од втора класа“, изјави лидерот на левицата Ливиу Драгнеа во говорот во Букурешт. Брисел е против контроверзната реформа на правосудството во Романија која, како што се оценува, имала за цел да се заштити корупцијата во земјата. Според Драгнеа, другите членки на ЕУ биле „многу повеќе корумпирани“ од Романија, а не биле критикувани за тоа.