Американски воздушни напади во Сомалија, убиени 62 милитанти
Американската армија соопшти дека убила 62 милитанти од екстремистичката организација Ал-Шабаб во шест воздушни напади изведени на 15 и 16 декември во градот Гандарш во Сомалија.
Африканската команда на американската армија соопшти дека четири напади биле извршени на 15 декември, при што загинале 34 милитанти, а два напади се случиле вчера при што загинале уште 28 милитанти.
„Африканската команда и нашите сомалиски партнери ги извршија овие воздушни напади да ги спречат терористите да ги користат оддалечените области како безбедни упоришта за планирање, инспирација и регрутирање за идните напади“, соопшти командата.
Ал-Шабаб има за цел формирање фундаменталистичка исламистичка држава во Сомалија и редовно извршува напади врз владини објекти, хотели и ресторани.