Заменик-државниот секретар на САД Саливан утре во Македонија
Заменик-државниот секретар на САД Џон Саливан утре ќе престојува во посета на Скопје. Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата. Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.
Во Скопје планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа.
Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.