Тензии на границата меѓу Израел и Либан
![Тензии на границата меѓу Израел и Либан](https://gdb.rferl.org/2D5F2FD1-6F31-45EC-9F1A-68A9506DD0FA_w800_h450.jpg)
Израелските сили денеска поставија бодликава жица по должината на заедничката граница, соопшти АП, додавајќи дека тензиите се се уште присутни, дури и по две недели откако Израел започна операција за уништување на тунелот на шиитското радикално движење Хезболах. Либанската државна агенција објави дека во јужниот дел на земјата се случил инцидент на периферијата на селото, каде што израелските сили поставиле бодликава жица долга 200 метри. Либанските сили протестираа поради тоа што жицата била ставена на либанската, а не на израелската страна на границата.
На видео снимка која се шири на социјалните мрежи се прикажани либански војници кои протестираат и ги повикуваат мировните сили да побараат од Израелците да ја повлечат за неколку метри жицата на границата помеѓу двете земји, кои технички се уште се во војна. Тензиите меѓу Либан и Израел се зголемија пред две недели кога израелската армија започна операција за откривање на тунелот Хезболах.