За Брегзит ќе се гласа третата недела од јануари
![За Брегзит ќе се гласа третата недела од јануари](https://gdb.rferl.org/103BA8C2-6DF1-4712-B0A5-BF5ABEF51E8D_w800_h450.jpg)
Британската премиерка Тереза Мeј во говорот пред пратениците во Лондон изјави дека одложеното парламентарно гласање за договорот Брегзит ќе се одржи третата недела од јануари.
Претставничкиот дом на Велика Британија минатата недела требаше да гласа за договорот за Брегзит, кој таа го постигна со лидерите на ЕУ, но таа го одложи гласањето, бидејќи беше јасно дека повеќето пратеници ќе се спротивстават на тоа. Меј се обидува да добие некои отстапки од ЕУ за да добие поддршка од пратениците, но од ЕУ порачуваат дека нови преговори нема да има.
Премиерката денеска изјави дека дебатата за договорот ќе продолжи на 7-ми јануари кога пратениците ќе се вратат од паузата за Божиќ и дека гласањето може да се одржи една недела подоцна, објави Асошиетед прес.