Кривични пријави за 80 носители на јавна функција во Албанија поради корупција
![Кривични пријави за 80 носители на јавна функција во Албанија поради корупција](https://gdb.rferl.org/EB782B4B-5647-41DA-A9A0-3C1D926DA9E3_w800_h450.jpg)
Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции.
Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода.
Истовремено, врз основа на извршената контрола, според Ѓонај, изречени се и 13 дисциплински мерки, од нив две со престанок на работниот однос.