Харадинај - Сочувствувам со БиХ, но таксата нема да се укине
![Харадинај - Сочувствувам со БиХ, но таксата нема да се укине](https://gdb.rferl.org/2CA3F1D4-D9F6-45FF-8BE0-4686C29FDAE6_w800_h450.jpg)
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека посакува добри односи со Босна и Херцеговина и ја разбира вознемиреноста на таа држава за таксата од 100 отсто што неговата влада ја воведе за увозот на производи од БиХ, но порача дека таа нема да се укине до признавањето на косовската независност од страна на Сараево и Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај изјави дека сочувствува со БиХ, како „земја која заслужува почит и партнерство“ и дека мерката од 100 отсто такса на увозот од БиХ „не е воведена за да се повредат односите меѓу двете земји и двата народи“, туку се работи за „одредено дејствие, во одредена ситуација, која се однесува на прашањето на признавањето“.