Пентагон: потпишана е наредбата за повлекување од Сирија
Пентагон соопшти дека наредбата за повлекување на американските сили од Сирија била потпишана откако претседателот Доналд Трамп на 19 декември го најави тоа. Тој преку видео порака на Твитер објави дека била постигната победа врз милитантите на Исламската држава во Сирија и затоа е време американските војници да се вратат дома. Тоа беше критикувано и од републиканските и од демократските конгресмени, како и од американските сојузници.