Грасо: ситуацијата на Косово под контрола
Шефот на информативната служба на КФОР Винченцо Гросо изјави дека ситуацијата на Косово е под контрола и покрај, како што рече, „политичките тензии и изјавите во јавноста“. Тој во интервју за белградскиот весник „Политика“ вели дека единиците на КФОР секогаш биле присутни и дури кога биле помалку видливи. Тој додаде дека специјалните единици на косовската полиција можат без дозвола на КФОР да влезат во северот на Косово, но оти тоа не можат да го прават Косовските безбедносни сили. Специјалците, според него, се дел од косовската полиција и како такви имаат мандат да го спроведуваат законот на Косово без одобрување од КФОР.