Владата на Косово усвои нацрт-закон за дијалогот со Србија
![Владата на Косово усвои нацрт-закон за дијалогот со Србија](https://gdb.rferl.org/2CA3F1D4-D9F6-45FF-8BE0-4686C29FDAE6_w800_h450.jpg)
Владата на Косово на денешната седница го усвои нацрт-законот за задачите, одговорностите и надлежностите на државната делегација во процесот на дијалогот со Србија, јави МИА од Приштина.
Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека нацрт-законот не задира во надлежностите на претседателот на државата Хашим Тачи во дијалогот.
"Законот не навлегува во надлежностите на претседателот, туку само му дава законски основи на функционирањето на делегацијата", изјави Харадинај по владината седница.
Владата одлучи да издвои средства во вредност од 300 илјади евра за потребите на преговарачкиот тим.
Министерот за трговија и индустрија Ендрит Шаља предложи да се воведе 100 отсто такса и за меѓународните брендови кои се увезуваат од Србија.
Станува збор за девет меѓународнии брендови, меѓу кои и „Кока-кола“ кои во Косово се увезуваат од Србија и за кои Шаља предложи да подлежат на такса од 100 отсто, исто како и српските произвоиди.
На предлогот на Шаља се спротивстави министерот за иновации и претприемништво Бесим Беќај, по што премиерот Харадинај ја одложи точката за наредната седница.