Бројот на жртви од цунамито во Индонезија порасна на 373
Бројот на жртви од цунамито во Индонезија порасна на 373, информира Индонезиската агенција за катастрофи. Портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека 128 луѓе сè уште се водат како исчезнати, а 1459 се повредени.
Цунамито го погоди западниот дел на островот Јава и југот на Суматра во саботата вечер, по ерупцијата на вулкан. Стотици војници и доброволци трагаат по исчезнатите.