Лава и пепел излегуваат од пукнатините на вулканот Етна
![Лава и пепел излегуваат од пукнатините на вулканот Етна](https://gdb.rferl.org/0CCD4EF5-CEE1-4E8C-AF88-B71511D744B8_w800_h450.jpg)
Обсерваторијата за планината Етна денеска објави дека лава и пепел излегуваат од нови пукнатини во активниот вулкан во Сицилија и дека нивото на сеизмичка активност е невообичаено високо. Опсерваторијата објави дека денеска до пладне се регистрирани 130 земјотреси, а најсилниот бил со магнитуда од четири степени. Досега нема извештаи за повредини и пепелта што се излева досега не предизвикува нарушувања за жителите на околните градови и села. Сопственикот на едно засолниште на вулканот рече дека планинарите се враќале од повисоките делови од 1.900 метри поради безбедносни причини. Вулканот Етна, најголемиот од трите италијански активни вулкани, е особено активен од јули.