Подготвен првиот ирански буџет по обновата на американските санкции
![Подготвен првиот ирански буџет по обновата на американските санкции](https://gdb.rferl.org/1BABD552-8B3B-41D4-A78B-B0DD7D33D905_w800_h450.jpg)
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Парламентот го испрати предлог буџетот за наредната година, прв откако САД повторно ги воведоа санкциите против Техеран, кои беа претходно укинати, благодарение на меѓународниот нуклеарен договор.
Новиот буџет од 47,5 милијарди долари е повеќе од двојно помал во однос на претходниот, главно поради намалување на вредноста на иранската валута по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор постигнат меѓу светските сили и Иран во 2015 година.
Пред една година за еден долар се добиваа 42 илјади риали, а сега е 100 илјади.
Владата планира да финансира 35 отсто од буџетските приходи од нафтата.
САД повторно воведоа остри санкции против Иран минатиот месец, но на одредени држави им дозволија да продолжат да увезуваат иранска нафта, под услов ги ограничат набавките во иднина.
Рохани рече дека санкциите му нанесоа штета на Техеран, но дека нема да го соборат Иран „на колена“.