Русија со специјален систем го помогна изборот на Трамп, тврди поранешен шеф на Мосад
![Русија со специјален систем го помогна изборот на Трамп, тврди поранешен шеф на Мосад](https://gdb.rferl.org/3EFB4F02-D10B-47C5-9AF9-1A42AC6C4566_w800_h450.jpg)
Русија употребила десетици илјади ботови за на американските претседателски избори во 2016 година да го помогне изборот на тогашниот кандидат, а сега претседател на САД, Доналд Трамп, но не затоа што е тој голем пријател на Москва, изјавил поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, Тамир Пардо, објави израелски „Харец“.
Според порталот, Пардо оценил дека „Русите едноставно се одлучиле да го поддржат кандидатот кој политички најмногу им одговара и дека тие погледнале на политичката мапа на Вашингтон и размислувале кој од кандидатите ви сакале да го видат во Белата куќа и кој би им помогнал во остварувањето на нивните цели“.
„И го избраа Трамп. Од тој момент, развија систем на ботови за време на изборите и ја поддржаа неговата кандидатура“, изјавил Пардо на конференција за дигитализацијата, објави „Харец“.