Се зголемува бројот на барања за амнестија за „27 април“
Денеска до 15 часот, во судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Рокот за доставување на барањата завршува денеска на полноќ.
По истекот на рокот, Судот треба да го донесе решението во рок од пет дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од законот, а по претходно прибавено мислење од надлежниот јавен обвинител. Во предметот 31 лице е обвинето за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.