Авганистан ги одложува претседателските избори
Авганистанската изборна комисија денеска соопшти дека претседателските избори закажани за во април ќе бидат одложени за неколку месеци за да се решат техничките проблеми кои се појавија на парламентарните избори во октомври. Портпаролот на Комисијата изјави дека е потребно повеќе време за изборната администрација да се запознае со биометрискиот систем на идентификација која треба да ја намали можноста од изборни измами, како и повеќе време за проверка на избирачките списоци.
На парламентарните избори имаше бројни одлагања, зашто и онака малиот број обучени луѓе за биометрискиот систем не се појавија на гласачките места и многу регистрирани гласачи не можеа да се пронајдат на списокот. Поради тоа беа вложени бројни жалби.
Не е одреден нов датум за претседателските избори.