Израелскиот парламент се распушти, избори на 9 април
![Израелскиот парламент се распушти, избори на 9 април](https://gdb.rferl.org/6C4904FD-5FC4-4477-957C-2D88875DCA8B_w800_h450.jpg)
Пратениците во израелскиот парламент Кнесетот изгласаа распуштање на актуелниот состав и одржување избори на 9 април. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави деновиве дека ја распушта неговата коалиција и оти новите избори ќе бидат одржани шест месци порано од предвиденото. Сега претстои тримесечна изборна кампања, а испитувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху повторно ќе победи. 69 годишниот Нетанјаху е премиер веќе 10 години и ако повторно биде избран ќе го собори рекордот на првиот израелски премиер, таткото на нацијата, Давид Бен Гурион од над 13 години.