Апелација одлучи – Камчев излегува од Шутка
Апелациониот суд Скопје денеска им го укина притворот на бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски, осомничени во случајот Империја на СЈО, и им определи домашен притвор.
Претходно, од СЈО потврдија дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор.