Четворица загинати во хеликоптерска несреќа во рускиот град Улан-Уде
![Четворица загинати во хеликоптерска несреќа во рускиот град Улан-Уде](https://gdb.rferl.org/77B86066-251A-4174-96D4-6F820AB75C0D_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Четири лица, вклучително локален бизнисмен, загинаа откако цивилен хеликоптер се урна во близина на Улан-Уде – главниот град на сибирскиот регион Бурјатија, објави државната новинска агенција ТАСС.
Новинската агенција рано денеска објави дека инцидентот бил птврден од претставниците на итните служби на Бурјатија, кои рекле дека полицијата и спасувачите биле на местото на настанот.
Меѓу загинатите е Сергеј Рогов – познат локален бизнисмен во Бурјатија и сопственик на хеликоптерот.
Локалните медиуми известуваат дека хеликоптерот се урнал додека се обидувал да слета во село во близина на Улан-Уде. Исто така во извештаите се наведува дека времето било лошо.
Неколку претходни смртоносни несреќи, често со хеликоптери од типот Ми-8, во Сибир се посочува дека се случуваат поради лошо одржување и непочитување на правилата за безбедност.