Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата 2019 година
![Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата 2019 година](https://gdb.rferl.org/05B42720-54DE-487A-9C53-6002A120C860_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Новата 2019 година први ја дочекаа жителите на островите Самоа и Кирибати. Самоа е остров со 180.000 жители, кој поради економски причини ја смени страната на датумската граница и сега во Новата година место последна, влегува прва. Киритимати или Божиќниот остров е најисточниот дел од пацифичката островска држава Кирибати и затоа неговите жители први влегуваат во новата година.
Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нију во јужен Пацифик, кај кои новата 2019 година, по средноевропско време, ќе стигне утре.