Белград е продолжена рака на Москва на Балканот, обвини косовскиот премиер
![Белград е продолжена рака на Москва на Балканот, обвини косовскиот премиер](https://gdb.rferl.org/2565A342-A311-4D60-BD91-E8F71D6D43AD_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Белград е продолжена рака на Москва на Балканот и Приштина веднаш ќе ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија доколку таа почне да се однесува европски, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
„Со тоа што и го отворивме нашиот внатрешен пазар, ние на Србија ѝ дадовме стотици милиони за да купува оружје во Москва. Доколку Србија не се смени, тогаш таксата ќе остане засекогаш. Доколку сака да се договориме за меѓусебно признавање и да работи на Балканот според европската и американската логика, ќе ја укинеме таксата уште денеска. Србија е мини-Русија на Балканот“, изјави Харадинај на предновогодишната средба со новинарите.