Коснет: САД бараат суспензија на таксите, не укинување
![Коснет: САД бараат суспензија на таксите, не укинување](https://gdb.rferl.org/49EBD0B3-96C2-480F-B4A4-3211B781D768_w800_h450.jpg)
Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет изјави дека САД бараат суспензија, а не укинување на таксите за производи од Србија и БиХ. Тој во интервју за приштинската телевивизија КТВ оцени дека ако тоа не се случи, ќе им биде нанесена штета на односите меѓу двете земји. Сепак, тој ја исклучи можноста од економски санкции спрема Косово и порача дека им останува на косовските лидери да оценат дали сакаат да го зачуваат пријателството со САД.