Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2019

Новости за 05.02.2019

Папата призна - свештеници злоставувале калуѓерки

SlobodnaEvropa.mk 

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск вечерва призна дека свештеници и бискупи сексуално злоставувале калуѓерки. „Има свештеници и бискупи кои го правеле тоа“, рече папата во авионот на враќање од Абу Даби, одговарајќи на новинарски прашања. Папата вели дека Ватикан веќе некое време се занимава со ова прашање. „Суспендиравме неколку свештеници поради тоа“, вели папата, додавајќи дека „црквата не смее да ги негира тие дела“. Тој вели дека против тоа треба да се стори повеќе и дека имаат волја да се борат.

Немало значително странско мешање на изборите за Конгресот во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Странските актери незначително влијаеле на изборите за во Конгресот на САД минатата година, заклучиле од Одделот за правда и домашна безбедност на САД. Од таму заклучуваат дека нема докази со кои се потврдуваат активности на странски влади или застапници кои материјално влијаеле врз интегритетот или безбедноста на изборите или на кампањите. Пред изборите за членови на Конгресот, американските власти предупредија дека странските актери продолжуваат со своите манипулативни напори, а обвинителите... Читать дальше...

Што сработеле кумановските советници?

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицискиот советник Зоран Петрушевски наведува дека од шест посочени области во четири ништо не било сработено, или пак немало ниту програма за работа. Атина Мургашанска претседателка на Советот во голем дел од забелешките на опозицијата се согласува, но вели дека овој состав е еден од најуспешните во државава.



Мицкоски го поздрави потпишувањето на протоколот за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува утрешното потпишување на пристапниот протокол за НАТО, но вели дека Зоран Заев тоа го сторил на недостоинствен начин. „Секој успех на Република Македонија го поздравувам, иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме, изјави Мицкоски во Брисел за МИА. Читать дальше...

Македонија отвора амбасада во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната 118-тата седница донела одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун. Одлуките ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на уставните измени во Македонија. На денешната седница донесена е и одлука да се тргне железната ограда околу владината зграда. Одлука за отстранување на железната ограда околу Владата, пак има за цел да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните, соопштуваат од Владата. Читать дальше...

Уапсена жена за пожарот во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Една жена е уапсена како дел од истрагата за пожарот во една станбена област во Париз, при што загинаа најмалку 10 луѓе, соопштија официјалните претставници. Парискиот обвинител Реми Хајц денеска изјави дека уапсената жена била жителка на зградата во која избувна пожарот. Жената имаа историја на проблеми со менталното здравје. Климент Коњан од пожарната служба во Париз изјави дека најмалку 30 лица се повредени во пожарот - вклучувајќи осум пожарникари. Тој рече дека околу дваесетина луѓе избегале... Читать дальше...

Ципрац на гости кај Ердоган

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган попладнево во Белата палата во Анкара се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Премиерот на Грција испратил позитивна порака за грчко-турските односи преку неговиот официјален Инстаграм профил, каде што сподели фотографии од почетокот на средбата со Ердоган. Грција и Турција може да изградат современ однос на меѓусебна почит во корист на нашите народи и регионот, напиша Ципрас на Инстаграм.

Иран се жали дека европските земји не купуваат нафта од нив

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти ги критикува Грција и Италија поради тоа што не купиле нафтата од нив и покрај дозволата од САД, без притоа да му понудат на Техеран објаснување. „Ниту една европска земја не купува нафта од Иран, освен Турција", изјавил министерот за нафта Бијан Зангене, објави денеска полуофицијалната новинска агенција ИСНА. САД им дозволи на Италија и на Грција, и двете земји-членки на ЕУ, како и на други шест други земји ( Турција, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван), да можат... Читать дальше...



Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

SlobodnaEvropa.mk 

Локацијата на новиот Клинички центар ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Ваквата одлука била донесена навладината седница. Во игра за локацијата биле три локации - во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец.Тим од експерти донел заклучок дека за изградба на новиот клинички идеална е локацијата во Ѓорче Петров, прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини... Читать дальше...

Вајгл: Опозицијата вети конструктивност за реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл по средбата со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, порача дека добил уверување дека опозицијата ќе биде конструктивна за реформите потребни за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. „Нагласив дека главен интерес на Европскиот парламент и мој како известувач за Македонија е да продолжи земјата по патот кон ЕУ и Унијата да го одржи ветувањето да почнат преговорите во јуни, а Мицкоски рече дека ВМРО ќе соработува со... Читать дальше...

Миле Ѓорѓијоски - Сатирата е најдобар лек за општеството

SlobodnaEvropa.mk 

Едно општество во кое нема сатира, не е здраво општество, знае да каже македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, кој неодамна ја доби наградата ЕКСЕЛЕНЦИЈА САТИРА за странски сатиричар која ја доделува Друштвото на писатели на соседна Србија.

Османи - Отворени сите опции за претседателски кандидат

SlobodnaEvropa.mk 

Демократската унија за интеграција ги разгледува сите опции за претседателски кандидат. Разговорите се одвиваат во различни насоки, но се уште нема нешто конкретно, за да кажам кој пат ќе го одбереме – опцијата за кандидат од партијата или опцијата за кандидат кој ќе биде заеднички. Тоа ќе биде прашање што ќе се одлучи или дискутира во следните денови, но сите опции се отворени. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по заедничката прес-конференција на ирската министерка за европски прашања... Читать дальше...

Државата не презема долгови на приватни компании, туку ги обештетува лозарите, тврди Николовски

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски тврди дека државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на УЈП, тие пари ќе бидат вратени во Буџетот. „Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите исплати кои што ќе ги прават компаниите за кои што се презема долгот, ќе бидат стопирани преку УЈП и ќе бидат средства на Буџетот, односно преку Платежната агенција ќе се вратат во Буџетот. Читать дальше...

СДСМ: Граѓаните одбраа НАТО и ЕУ, а не нови Груевски и Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори, соопшти владејачката СДСМ, по обвинувањата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека „имало индиции дека Заев ќе ги украде изборите за претседател“. „Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови. Граѓаните одбраа иднина... Читать дальше...

Турција нуди награда од 12.8 милиони долари за пучистите кои добија азил во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ги стави на т.н. црвена листа и понуди награда од 770.000 долари за секој од поранешните турски војници, кои по неуспешниот обид за пуч побегнаа во Грција и добија политички азил, објавија свтските агенции, повикувајќи се на турската новинска агенција Анадолија. Се работи за 74 поранешни војници кои турските власти ги поврзуваат со политичкиот противник на Ердоган, Фетула Ѓулен. Распишувањето на наградата со вкупна вредност од околу 12,8 милиони американски долари е распишана непосредно... Читать дальше...

Шекеринска: Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО, му порача денеска македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот хрватски колега Дамир Крстичевиќ, кој е во официјална посета на Македонија. „На примерот на Хрватска гледавме колку членството во НАТО влијаеше позитивно не само на стабилноста туку и на сите политички процеси и колку тоа даде поддршка и на процесот на пристапување кон ЕУ. Република Македонија успеа за година и половина да го надомести изгубеното време и шанса. Но, за... Читать дальше...

Маргарита Цаца Николовска: Да продолжи истрагата за предметите кои СЈО не ги доврши

SlobodnaEvropa.mk 

Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на СЈО. Неговото минизирање сега, како што прочитав во одредена медиумска презентација дека „Специјалното јавно обвинителство е мртво“, јас лично сметам дека осомничените нема да може да се ослободат од кривична одговорност на овој начин. Сепак има правен систем кој мора да најде начин предметите во кривичната област да се процесуираат и на овој или оној начин да дојдат до крајно решение, рече поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска... Читать дальше...

Ердоган ја критикува ЕУ зошто не го поддржала Мадуро

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија дека се обидува да го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро игнорирајќи ја „демократијата“, објавија светските новински агенции. „Сега знаеме што е тоа ЕУ. Од една страна, зборувате за избори и демократија, а потоа со насилство и измама одите да соборите една влада“, рече Ердоган во телевизиско обраќање. Турција, заедно со русија и уште неколку држави, му дадода поддршка на Николас Мадуро.

Николовски: Потпишани првите договори за инвестиции за развој на руралните средини

SlobodnaEvropa.mk 

Во Министерството за земјоделство денеска, во рамки на мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД 2-програмата, беа склучени првите 24 договори, чија инвестиција изнесува 7,7 милиони евра. „Во овие 24 договори вклучени се проекти за изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, опрема за производство на сокови, за пчеларство, изградба на објект за преработка на метал, за производство на мебел, изградба на рибник и изградба на објект за производство... Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

В Душанбе открылась книжная выставка, посвящённая Юлии Друниной и Булату Окуджаве





Rss.plus
Сергей Безруков

Появился трейлер исторического детектива «Плевако» с Сергеем Безруковым в роли легендарного российского адвоката




Подмосковные дзюдоисты вышли в финал летней Спартакиады учащихся России

«Аэрофлот» проиграл суд свердловчанам, купившим дешевые билеты на Пхукет

Экс-мэру Ярославля Евгению Урлашову отказали в досрочном освобождении

10 км окружной дороги Калуги отремонтируют в Малоярославецком районе




Крстичевиќ: Хрватска ви посакува добредојде во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

За време на официјалната посета на Македонија, хрватскиот вицепрмиер Дамир Крстичевиќ имаше средба со премиерот Зоран Заев на која беше пренесена поддршката од хрватската Влада за интеграцијата на Македонија во НАТО. Со најава дека Хрватска ќе го потпише протоколот за членство на нашата држава во Алијансата, Хрватска ѝ посакува добредојде на нашата земја во семејството на НАТО, со поддршка и за земјава во јуни да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, соопшти Владата. На средбата било оценето... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за претседател, СДСМ сега почна да ги бара

SlobodnaEvropa.mk 

До ВМРО-ДПМНЕ стигнале девет кандидатури за претседател, а од нив најзвучни се имињата на професорката Гордана Сиљановска- Давкова и пратеникот Влатко Ѓорчев. СДСМ од вчера распиша оглас, а нивниот кандидат ќе се знае на трети март.

Девет пријавени за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори

SlobodnaEvropa.mk 

На огласот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата се пријавиле 10 кадидати, од кои еден е одбиен поради поднесување на пријавата по завршувањето на рокот, објави потпретседателот на партијата Владо Мисајловски. Во кандидатската трка влегуваат универзитетската професорка Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Манасков (претседател на Стопанската комора за енергетика), Горан Ангелов (поранешен градоначалник на Виница), Илија Димовски, Васко Костов, Никита... Читать дальше...

Извозот зголемен за над 20 проценти, најмногу се тргувало со Германија и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Од Македонија минатата година се извезени стоки во вкупна вредност од 6.907.998.000 долари, што претставува пораст од 21,8 отсто во однос на 2017 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.052.195.000 долари, односно за 17,3 проценти повеќе во споредба со 2017 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува... Читать дальше...

Грција в петок го потпишува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Протоколот за членство на Македонија во НАТО в четврток ќе биде доставен и ќе го разгледа надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, а в петок ќе се најде пред грчките пратеници на пленарна седница, по што ќе биде и гласањето, соопшти претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е и Комисијата и пленарната седница да траат по еден ден. За да биде изгласан протоколот, потребни се 151 глас, а се очекува дека... Читать дальше...

Гинеколошката болница во Чаир ќе се гасифицира

SlobodnaEvropa.mk 

По вчерашната изјава на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека гинеколошката болница во Чаир има 30 дена да го смени начинот на греење бидејќи со користење на мазут ја загадува околината, се огласи министерот за здравство Венко Филипче. „Уште во текот на минатата година преземавме одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи. Ставивме приоритет на Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица... Читать дальше...



Москва

Воскресшего Иисуса могут дополнительно установить в церквях, вместо черепа.


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Пианист

Пианист Мацуев о Станковиче в "Спартаке": опять тонко, опять иностранец




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов


WTA

Потапова не смогла пробиться во второй круг турнира WTA в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


#123ru.net

«СВЯТОЙ ЛЕНИН» помогает В.В. Путину улучшить либо отменить налоги в обществе.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России