Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2019

Новости за 26.02.2019

Инциденти на опозицискиот протест пред албанскиот Парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Протестот на албанската опозиција пред Парламентот ескалираше со обид за насилно влегување во законодавниот дом, каде парламентарното мнозинство одржуваше седница. Демонстрантите фрлаа тврди предмет врз полицијата, палеа гуми, а полицијата одговори со употреба на солзавец. Првите инциденти беа забележани уште на самиот почеток на протестот, кога им беше попречуван влезот на пратениците во зградата на Парламентот, а беше нападнат и министерот за туризам Бенди Кљоси. Состојбата ја вжештија обраќањата... Читать дальше...

Американски служби блокирале интернет пристап на руска фабрика за тролови

SlobodnaEvropa.mk 

Американската служба на компјутерска безбедност го блокирала пристапот до интернет на една руска компанија за која разузнавачките агенции веруваат дека се обидела да влијае на среднорочните избори во САД минатата година, објави денеска Вашингтон пост. Повикувајќи се на неименувани извори од службата за безбедност, весникот објави дека американската служба за компјутерска безбедност го блокирала пристапот до интернет на руската Интернет истражувачка агенција со седиште во Санкт Петербург. Се верува дека оваа компанија... Читать дальше...

Заев и Ахмети утре ќе разговараат за претседателски кандидат

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за утре најави средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за заеднички кандидат за претседател, но и за политичката ситуација во земјата . По средбата со албанскиот министер за надворешни работи Гент Чакај, Ахмети на прес-конференција рече дека утре со Заев ќе разговараат долго и широко и дека е сигурен оти ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат. Ахмети вели дека нема криза во односите во владината коалиција. „Може да постојат разлики... Читать дальше...



Харадинај - Косово нема да прифати поделба на земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека се согласува оти во преговорите со Србија треба да се постигне договор за меѓусебно признавање, но дека Косово нема да прифати промена на границата и поделба на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната седница на Владата, Харадинај изјави пред новинарите дека „отворањето на прашањето на границите е агенда на Русија и на рускиот претседател Владимир Путин за да се држи отворено балканското прашање“. Тој го повтори ставот на неговата... Читать дальше...

Русија осуди за предавство двајца експери за компјутерска безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот воен суд осуди две лица за предавство на долгогодишни казни затвор. Осуден е поранешен службеник на Федералната служба за безбедност и еден експерт за компјутерска безбедност. Московскиот регионален воен суд денеска ги осуди поранешниот службеник Сергеј Михајлов и компјутерскиот експерт во Лабораторијата Касперски, Руслан Стојанов. Тие се осудени за издавање тајни информации на странски разузнавачки агенции. Михајлов е осуден на 22 години затвор, а Стојанов на 14 години, објавија руските новински агенции. Читать дальше...

Османи - Односите во владејачката коалиција се добри

SlobodnaEvropa.mk 

Односите во владејачката коалиција се добри и Владата продолжува со својата работа, порача вицепремиерот и член на ДУИ Бујар Османи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседателот во СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, кој рече дека е можна и Влада без ДУИ. „Ние имаме добри односи помеѓу владејачката коалиција. И не гледам дека сега имаме потреба во Влада да се дефокусираме со вакви обиди што повеќе имаат за цел да ја оживеат дебатата низ социјалните мрежи отколку да одразуваат некоја динамика на односи меѓу двете политички партии. Читать дальше...

КРАФТВЕРК, ОРБИТАЛ и ЊУ ОРДЕР како акустика во Станица 26

SlobodnaEvropa.mk 

„Акустик електроникс 2“ е насловен проектот што оваа среда, на 27 февруари во 22 часот, во рамките на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2019, ќе биде изведен во скопскиот клуб Станица 26. Триото Попивода, Јосифовски и Петров ќе свири теми на КРАФТВЕРК, ОРБИТАЛ, ЊУ ОРДЕР и други.



Проштална средба на Димитров со амбасадорот Бејли

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот амбасадор во земјата, Џес Бејли, изјавил дека со влезот на Северна Македонија во НАТО, ќе се исполни визијата на САД за мирен, стабилен и попросперитетен регион, соопшти МНР. Амбасадорот Бејли денеска имаше проштална средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во соопштението на МНР се посочува дека Бејли го истакнал своето задоволство што по четири години, заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ. Читать дальше...

Порака од Франција - За влез во ЕУ неопходни се реформи во клучните области

SlobodnaEvropa.mk 

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо денеска порача дека Преспанскиот договор ги отвори вратите на НАТО, но што се однесува до ЕУ, Северна Македонија треба да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области. Таа денеска во Скопје одржа прес конференција со нејзиниот домаќин вицепремиерот Бујар Османи. Станува збор за четири критериуми што се однесуваат генерално на правната држава: реформа на судството, борба против корупцијата, реформа на безбедносните служби и реформа на јавната администрација, рече таа. Читать дальше...

Рочиштето за „Таргет-Тврдина“ продолжува на 14 март

SlobodnaEvropa.mk 

Главната расправа за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 14 март со испрашување на сведокот Ѕвонко Костовски од страна на Специјалното јавно обвинителство. Костовски денеска во Кривичниот суд рече дека разузнавачот Горан Грујевски и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, располагале со компјутери со кои имале директен пристап во системот за следење комуникации. Костовски посочи дека Ѓорѓи Лазаревски во 2010 година го убедил да вади материјал од незаконското следење на комуникациите и оти првата... Читать дальше...

Трамп пристигна во Виетнам за средбата со Ким Јонг Ун

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, денеска пристигнаа во Виетнам на вториот Самит кој треба да се одржи на 27 и 28 февруари. Тие ќе разговараат за севернокорејската нуклеарна програма и ракетните програми. Има шпекулации дека двајцата лидери ќе разговараат и за формален крај на Корејската војна, која е замрзната со договор за примирје во 1953 година. Пред да замине од Вашингтон, Трамп на Твитер објави: „Со целосна денуклеаризација Северна Кореја брзо ќе стане економска сила. Читать дальше...

Изгоре пазарот во Тузла, над 20 повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот, кој го зафати пазарот во центарот на Тузла, речиси целосно го уништи, а над 20 лица се повредени. Пожарот е локализиран. Засега не може со сигурност да се тврди што го предизвикало пожарот, но, пазарџиите велат дека бил предизвикан од експлозија на плинска боца во еден од угостителските објекти. Огнот избил во делот каде што се продава облека и пластика, кои се лесно запаливи, и брзо се проширил. Началничката на Брзата помош Лејла Калуглија Мемишевиќ потврди дека има над 20 повредени, но дека ниеден не е животно загрозен. Читать дальше...

Чавушоглу - Купувањето на С-400 од Русија е завршена работа

SlobodnaEvropa.mk 

Купување на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија е завршена работа, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, и покрај напорите на Вашингтон да ја убеди Турција да го купи американскиот Патриот систем. Официјални лица на САД и НАТО ја предупредија Анкара дека рускиот систем не може да биде интегриран во воздушниот и ракетниот проект на НАТО системот за одбрана и оти купување на системот С-400 го загрозува турското купување Локид Мартин Корп Ф-35 борбени... Читать дальше...

Илбер Села именуван за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Илбер Села е именуван за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба. Владата го именувала Села на 123-та седница, а именувањето, како што се наведува во соопштението, е извршено во согласност со законските прописи, а конкурсот за избор за директор на Агенцијата бил отпочнат и завршен пред распишување на претседателските избори.

Котевски останува директор на Шутка до по изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на 123-тата седница ја констатирала поднесената оставка на директорот на Истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски, но ќе ја разгледа по завршувањето на претседателските избори. „Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува по завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик“, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Котевски вчера ја поднесе оставката... Читать дальше...

Засилен притисокот против Брегзит без договор

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца британски министри денеска се заканија дека ќе поднесат оставка ако премиерката Тереза Меј не вети дека ако нема Договор, таа ќе го одложи излегувањето од ЕУ, најавено за 29 март.

МНР – Гутереш дава поддршка Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир

SlobodnaEvropa.mk 

Успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО е од исклучително значење за регионот и за цела Европа, но пред сè е голем успех за Обединетите нации (ОН), за Европската унија и за НАТО, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на денешната работна средба со заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски. Гутереш, како што соопшти владината прес-служба, искажал поддршка годинашната... Читать дальше...

Рохани не прецизира дали ја прифаќа оставката на Зариф

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани му се заблагодари на министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за неговата служба, но не прецизира дали ќе ја прифати неговата ненадејна оставка. Рохани рече дека Зариф бил на „фронтот во битката“ против САД, непријателот на Техеран, објави денеска државната новинска агенција ИРНА. Зариф синоќа на Инстаграм најави дека поднесува оставка, во услови на зголемен притисок од конзервативците кои ја критикуваат неговата улога во преговорите за нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година. Читать дальше...


Музыкальные новости
Shaman

Shaman встретился с подростком, который заработал на его концерт мытьем машин





Rss.plus
Азия

Центральная Азия под лупой. Эксперты обсудят миграционные проблемы




Юнармейцы Дмитрова приняли участие в памятных акциях в Белоруссии

СК возбудил дело из-за нападения на группу «России-24» в московском парке

Ecoplatform и Самолет продолжат свою совместную экологическую инициативу

«Мерзкий цинизм государственного масштаба»: молдавскую диаспору в России причислили ко второму сорту




Се одбележуваат 15 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се одбележуваат 15 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, родната Струмица ја одбележа петнаесетгодишнината од неговата смрт. Членови на семејството Трајковски, граѓани, роднини, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик, уште еднаш ја искажаа својата почит. Читать дальше...

Хашим Тачи најавува оставка ако Парламентот не го изгласа договорот со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе поднесе оставка или ќе распише референдум ако Собранието не го одобри договор со Белград. Според тој договор, на Косово би му припаднале три општини од централна Србија – Бујановац, Прешево и Медвеѓа. Тачи за приштинската телевизија „Репортер“ прецизира дека оставката ќе ја поднесе во случај со Белград да биде договорено припојување на тие три општини со Косово, а Парламентот не прифати таков договор. „Тие кои ме критикуваат не би требало да мислат дека би го прекршил Уставот. Читать дальше...

Поранешен израелски министер осуден на 11 години затвор за шпионажа за Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешен израелски министер денеска беше осуден на 11 години затвор за шпионажа во корист на Иран. На судењето во Ерусалим, кое се одвиваше зад затворени врати, поранешниот министер Гонен Сегев ја прифатил спогодбата со обвинителството да признае дека шпионирал за Иран. Сегев, кој беше министер за енергетика од 1995 до 1996 година во владата на Јицак Рабин, беше осуден во 2005 година, за обид за прошверцува 32 илјади таблети екстази прекриени со чоколадо од Холандија во Израел. Тој беше ослободен... Читать дальше...

Коалиција на партиите против правдата

SlobodnaEvropa.mk 

По неколкудневната неуспешна процедура за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски, која заврши вчера со кулминација на меѓусебните обвинувања, аналитичарите велат дека има разни сценарија кои стојат зад ваквиот развој на настаните.

Германска локомотива за македонската економија

SlobodnaEvropa.mk 

Домашните бизнисмени и експертската јавност очекуваат новиот економски советник од Германија да ги олесни претпристапните преговори кон ЕУ во делот на економските реформи, но и да им пренесе знаење и искуства на домашните стопанственици

Откажана претстојната рунда дијалог од процесот „Жан Моне“

SlobodnaEvropa.mk 

Претстојната рунда разговори во дијалогот „Жан Моне“, што требаше да се одржи на 28 февруари и 1 март во Скопје, е откажана поради неможноста да се постигне меѓупартиски компромис, потврдија за МИА европратениците кои го олеснуваат процес. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн биле известени дека нема можност за одржување на новата предвидена рунда. Тие не посочуваат која страна е одговорна за откажување на процесот. Опозициската... Читать дальше...



Москва

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Андрей Макаревич

Мечтающего по победе Киева Макаревича* проверят на экстремизм




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков


Даниил Медведев

Медведев с трудом одолел 121-ю ракетку мира на турнире в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России