Собранието ќе расправа за притворот на Димовски
![Собранието ќе расправа за притворот на Димовски](https://gdb.rferl.org/F9E17867-CED7-44DD-9EB5-AD248E8F2282_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Пратениците на денешната седница ќе расправаат за барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд. Деницата е закажана за попладне во 15:30 часот.
Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во саботата со пет гласа „за“ и четири „против“ го прифати барањето на судот за притвор на Димовски.