Смртни закани за новинарите на Н1 оти известувале за протестите против Вучиќ во Србија
Вработените во телевизијата Н1 во Србија добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувале за протестите во Србија. Според информациите од телевизијата, која случајот го пријавила во полиција, писмото содржело и закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.
Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните во 1999 година, а во писмото, покрај заканите, имало и членска карта од Сојузот на воени ветерани на Србија. Претседателот на здружението Жељко Вукелиќ за Н1 изјави дека тие не стојат зад испратените пораки и оти сакаат полицијата да го истражи целиот случај.